7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

НОВИ МОРБИДНИ ДОКАЗИ ВО МОБИЛНИОТ НА ВЕЉА НЕВОЉА: Пронајдено упатство за касапење луѓе

Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на тој клан жртвите ги убивале на најсуров можен начин. Во телефоните на Веља и Маре се најдени детали упатства како се касапат луѓе. Тие ги убивале луѓето по углед на мексиканските нарко картели. Ги сечеле на парчиња, ги топеле во киселина и ги фрлале во Дунав за да не може да се најде ниедна трага.

Во „скај“ телефоните на Беливук, Миљковиќ и другите се најдени детални видео упатства за тоа како се сече месо, коски и како се отстрануваат сите траги од убиен човек.

Истрагата дошла до цврсти докази дека во викендичката во Ритопек и на други тајни локации низ Србија, Беливук и соучесниците ѕверски мачеле, убивале и касапеле луѓе.

– Најголем дел од снимките се толку морбидни што не се за покажување во јавноста. Можам само да ви кажам дека инспекторите кои имаа увид беа шокирани, некои дури и повраќаа од мака, рекол извор за медиумите во соседството.

Инаку, на Беливук и останатите членови на криминалната организација вчера им е продолжен притворот за уште најмалку 30 дена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести