5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Уште еден удар за „AstraZaneca“

Фармацевтската компанија „AstraZaneca“ ја намали прогнозата за испорака на вакцини за Европската унија во првиот квартал на околу 30 милиони дози.

Тоа е третина од договорните обврски и пад од 25 проценти во споредба со ветувањата дадени минатиот месец.

Овој недостаток ќе биде дополнителен удар врз европскиот план за вакцинација, кој веќе е попречен од одложувањата во испораката на вакцините и бавното воведување на вакцинацијата во некои земји-членки.

Документ споделен со официјални претставници на ЕУ, со датум од 10 март, до кој Ројтерс имал пристап, покажува дека компаниите сега очекуваат испорака на 30,1 милиони дози до крајот на март, и нови 20 милиони во април.

Шефот на „AstraZaneca“, Паскал Сорио, пред Европскиот парламент на 25-ти февруари рече дека компанијата ќе се обиде да испорача 40 милиони дози до крајот на март.

Документот покажува дека британско-шведската компанија веќе на 24 февруари ја процени испораката на вакцини во ЕУ на само 34 милиони дози за периодот од јануари до март, далеку под договорената цел од 90 милиони дози.

Портпаролот на „AstraZaneca“ во петокот одби да ги коментира обвинувањата на Ројтерс.

Едно лице запознаено со ситуацијата рече дека подобрувањето што компанијата го очекуваше во првиот квартал не се оствари заради тешкотиите при движење на вакцините во глобалниот ланец на снабдување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести