20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СТРАШНО: Падна метеор на сред пат во Британија (ВИДЕО)

Парчиња метеорити се пронајдени во Глостершир, Велика Британија, а научниците се особено возбудени затоа што станува збор за редок вид вселенска карпа.

Имено, станува збор за јаглерод хондрит, материјал кој содржи непроменета хемиска структура од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Каменот тежи скоро 300 грама, а има и други парчиња вселенска карпа кои се лоцирани откако научниците ја реконструираа траекторијата на огнената топка што го проби звучниот ѕид нешто пред 22 часот по британско време, во недела на 28 февруари.

Научниците од природно-историскиот музеј во Лондон потврдија дека црното парче карпа, јаглероден хондрит што досега го немале видено во Велика Британија, удрило на пат во близина на градот Викомб, а во близина биле пронајдени повеќе фрагменти.

Ешли Грин, научничка од музејот, изјави дека и се остварил сонот да биде една од првите луѓе што го видела и проучувала овој многу редок метеорит.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести