0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Еве што вели принцот Чарлс за интервјуто на Меган и Хари

Британскиот престолонаследник принцот Чарлс одби да ги коментира прашањата на новинарите во врска со интервјуто на неговиот син принцот Хари и неговата сопруга Меган, што беше емитувано синоќа на американската телевизија CBS, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека принцот Чарлс не сакал да ја коментира изјавата на Меган Маркл за време на разговорот во шоуто на Опра Винфри, во кој таа рече дека еден член на кралското семејство дал расистички коментар и дека била доведена до точка да размислува за самоубиство.

Принцот Чарлс запре и погледна нагоре откако го прашаа новинарите, но потоа се сврте и си замина без да каже збор, пренесува Ројтерс.

Интервјуто на Опра Винфри со војводата и војвотката од Сасекс, според проценките на Нилсен, го следеле во живо 17,1 милиони гледачи во САД, а се проценува дека го гледале повеќе од 11 милиони луѓе во Велика Британија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести