Како да не е доволна пандемијата на коронавирусите, пред нас е третата светска војна, третиот антихрист и катастрофа што може да го уништи човечкиот вид. Се разбира, ако верувате во пророштвата, особено во она што го претскажа Нострадамус.
Имено, францускиот лекар и астролог Мишел де Ностредам, попознат како Нострадамус, успеа да предвиди некои клучни моменти во историјата на човештвото како што се нападите врз Њујорк на 11 септември, подемот на Адолф Хитлер, големиот пожар во Лондон, откритијата на Луј Пастер, две светски војни, нуклеарни експлозии во Хирошима и Нагасаки, слетување на Месечината.
Починал во 1566 година, а неговата книга „Пророштва“ е најпозната од ваков вид досега испечатена. Нострадамус му остави на светот уште многу пророштва, од кои 942, кои продолжуваат до 3793 година.
Сепак, пророштвото на Нострадамус, од кое многу луѓе стравуваат во модерното време, е дека човештвото се подготвува за Третата светска војна, која ќе трае триесет години.
Нова документарна серија од осум дела, која ќе се прикажува на Discovery +, ги открива визиите на францускиот астролог. Документарецот раскажува како катастрофален земјотрес ќе ја погоди Калифорнија, а реката Мисисипи ќе се подели на половина.
Боби Шајлер, британски експерт кој ги проучува пророштвата на Нострадамус и кој се појавува во документарниот филм, за „Сан“ изјави дека третиот „антихрист“ најверојатно веќе е на Земјата.

Гледано од светлата страна, ако Нострадамус е во право, крајот не е ни близу бидејќи Земјата не е осудена на пропаст уште 1.772 години, како што предвидел.
– Нострадамус зборува за она што тој го нарекува последен пожар, оган од небото, настани на ниво на истребување, два или три, што веројатно би се случило близу 3797 година, но пред тоа тој споменува неколку пожари. Ќе ги има – вели Боби Шајлер.
Но што предвидел Нострадамус?
Дури и метеоролог знае дека ќе биде влажно во Велика Британија, но Нострадамус отиде чекор подалеку и предвиде разорна поплава.
– Нострадамус рече „Земјата се тресе на островот Сент Џорџ, ќе дојде до војна“ и Велика Британија „ќе биде поплавена, новата лига на Аусонија ќе војува“ – вели Шајлер.
Настан кој може да донесе истребување би требало да се случи на 10 мај, но научниците сè уште не можат точно да утврдат која година.
Во документарниот филм се споменува дека првиот ваков значаен земјотрес може да се случи во Холивуд и дека земјата ќе трепери во „модерниот Мемфис“ неколку ноќи.

„Владите треба да се подготват“, советува Боби Шајлер.
Иако повеќето луѓе би го опишале антихристот како библиска фигура што му се спротивставува на Исус Христос, Нострадамус го употребил терминот за водачи на геноцидот.
– Антихристот, според дефиницијата на Нострадамус, се големи водачи кои се одговорни за смртта на невини луѓе, како што се Хитлер или Наполеон. Мислам дека третиот антихрист ќе се појави наскоро, можеби во следните десет до 20 години. Мислам дека тој е веројатно жив денес – вели Шајлер.
Следната светска војна ќе биде далеку полоша од претходните две, ако се верува на Нострадамус.
– Мислам дека во следните неколку години, секако овој век, може да започне Третата светска војна. Нострадамус вели дека тоа ќе биде масовна долга војна, од 25 до 29 години, проследена со помали војни – вели Шајлер.
Визиите на Нострадамус често вклучуваа страшни настани што излегоа од небото. Боби Шајлер смета дека предвидел дека масивниот сончев одблесок ќе ги оневозможи нашите електронски системи.
– На цело дневно светло, чудовиштето ќе се појави од сонцето – изјави Нострадамус во своите текстови.
„Ова може да значи дека нешто ќе ја погоди нашата електроника“, вели Шајлер.
Но, не сите предвидувања се лоши. Иако Нострадамус се смета за пророк на пропаста, тој некогаш знаеше како да ја предвиди добрата вест. Само треба прво да поминеме низ низа катастрофи. Кога ќе престанеме да се бориме, ќе следат илјада години мир.
– На крајот на Втората светска војна, ќе дојде ерата на Сатурн, што ќе одбележи илјада години мир – вели Шајлер.
