-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ЕВЕ КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ КОРОНА И АЛЕРГИЈА

Алергиите може да бидат проследени со течење или затнат нос, гребење во грлото, а кашлицата би можела да потсетува на онаа предизвикана од корона вирусот.

Сега секој симптоми луѓето ги асоцира на Ковид-19, без разлика дали е кашлање ли течење на носот, а не е така.Еве како да разликувате сезонска алергија од корона вирус:

Проверете дали имате температура.

Алергиите сами по себе не би требало да се проследени со треска, а од друга страна, треската и температурата се некои од симптомите на ковид.

Како ви работат сетилата?

Се верува дека губењето на вкусот и мирисот се симптом на Ковид-19, а тоа не е карактеристика на алергиите.

Чешање на очите

Алергиите често предизвикуваат чешање, воденести и црвени очи. Ковидот не е поврзан со овој вид симптоми на алергиски конјунктивитис.

Земете ја предвид историјата на алергии

Многу од заболените од алергии имаат претходна историја на сезонски алергии. Значи, ако дрвјата или другите билки кои ви прават проблеми веќе почнале да цветаат, а сте имале историја на алергии, веројатно, е токму тоа во прашање.

Дали делуваат лековите за алергии?

Ако ви тече носот или е затнат, видете дали ви е подобро со земање на пропишаниот антихистаминик. Типично за алергиите, ќе почувствувате подобрување на некои од симптомите во рок од еден час од земањето на тие лекови, што не е случај со корона вирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести