Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор денес, бидејќи за време на рутинска проверка во март минатата година, се искашлал во двајца полицајци со извици „корона“.
Инцидентот, кој се случи кога земјата беше целосно „заклучена“ поради вирусот корона, доведе до тоа да биде уапсен под обвинение за „заканувачко однесување“, иако подоцна беше утврдено дека тој е негативен на COVID-19.
Прво беше ослободен од обвинението пред еден локален суд, а подоцна беше осуден во Данскиот западен висок суд.
На жалбата до Врховниот суд против пресудата, обвинителите побараа затворска казна од три до пет месеци.
