13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ТАЖНО: Се насукаа дури 45 китови – за жал само три преживеале (ФОТО)

Само три од 45 китови го преживеаја масовното насукување денес во плитките води на индонезискиот остров Мадура, во провинцијата Источна Јава, објавија индонезиските власти.

Ројтерс известува дека волонтери и локалните власти успеале да вратат три морски китови, како што уште се нарекуваат, во морето, од плажата Модунг, а гувернерот на провинцијата Источна Јава, Хофифа Индар Параванса, изјави дека властите ги испитуваат причините за смртта, додека остатоците од мртвите животни ќе бидат погребани во близина на брегот.

  • Волонтерите кои им помагаат на китовите да се вратат во океанот рекоа дека некои од нив повторно се вратија на брегот затоа што нивните мајки сè уште беа заглавени на плажата, рече Параванса.

Според веб-страницата „Whale Stranding Indonesia“, минатата година имало 59 вакви инциденти на брегот на Индонезија, во кои најмногу се насукувале дугонзи и делфини.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести