3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА: ОСУМ ТИНЕЈЏЕРИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО ВИКЕНДИЦА

Незапаметена трагедија се случила во Посушје, каде осум млади луѓе се задушиле со плин. Телата биле пронајдени во викендица во близина на градот Посушје во БиХ, каде отишле да ја поминат новогодишната ноќ.

– Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон.

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти – четири девојки и четири момчиња.

Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести