11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Денеска во БИХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово

Денеска во БиХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово, Посушје каде биле собрани за да ја дочекаат Новата Година.

Западнохерцеговачкиот кантон прогласи тридневна жалост.

Тинејџерите, сите на возраст од 19 години, најверојатно починале како последица од гушење со плин кој го користеле за да се греат. Нивните тела ги пронашле соседите откако утрината тропале на вратата за да ги проверат бидејќи со часови никој не излегол од викендичката. Откако никој не им отворил, го скршиле едниот прозорец и влегле, тогаш би виделе безживотните тела.

Резултатите од обдукцијата се уште се чекаат, а жителите за Посушје палат свеќи за трагично загинатите деца.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести