2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Падна уште еден нарко дилер,запленети околу четири ипол килограми хероин и околу килограм кокаин (ФОТО И ВИДЕО)

На 21.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата.

При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба. При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми. Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува и во наредниот период со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.

https://www.youtube.com/watch?v=tEnNA6k3H08&feature=emb_title&ab_channel=mvrjavnost

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести