2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

УГОСТИТЕЛИТЕ ПОТСЕТУВААТ: Бараат средба во Владата до утре

Рокот за остварување средба меѓу Владата и Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители завршува утре, по што, како што најавуваат од НУК, законски ќе си ги бараат своите права, но и одговорност за носењето одлуки на штета на угостителскиот сектор.НУК очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор.

Во денешното соопштение од таму наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во остварувањето на нивните права за поднесување на надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки, туку и за претходно донесените.

– Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење, се вели во соопштенито.

Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести