13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

TAЖНА ВЕСТ: Медицинска сестра за жал ја изгуби битката против коронавирусот!

Унијата на ЗМСТАС предводени од медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ информира дека почина досега најмладата медицинска сестра, жртва на коронавирусот. Станува збор за 40 годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје, која беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.

-Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности , изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.

Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.

-Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден. „Ангелите никогаш не умираат“, стои во нивното соопштение до јавноста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести