21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски домазет во коалицијата со Алијанса и Атернатива: уста има , јазик нема за новиот закон за државјанство

Љубовта и интересот кој го има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кон неговите нови партнери Зијадин Села и Африм Гаши се поголеми од љубовта кон Македонија и интересот за одбрана на националните и државни прашања.

Три дена ВМРО-ДПМНЕ рецитира поезија за елката на Шилегов, држи прес конференции за вакцината за сезонски грип и преку видео пораки плаче за повредената суета на Мицкоски со неговото неповикување на лидерска средба, но не ги коментира измените во Законот за државјанство кои ги предложија Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Пратениците во Собранието излегуваат со транспаренти при редовното годишно обраќање на Претседателот на државата, но не кажаа ниту збор за предлогот 70 000 косовари по скратена и многу поедноставена постапка да станат македонски државјани.

Согласно предложеното законско решение државјанство може да добијат лица кои престојуваат во Македонија од 1991 година доколку обезбедат тројца сведоци. Алијанса и Алтернатива се заложија измените во законот да се донесат по скратена постапка за да има време овие лица на пролет да бидат попишани.

„Со дадена изјава од тројца сведоци кои ќе сведочат дека подносителот за добивање државјанство живеел на територијата на Република Македонија до 8 септември 1991 година или со дадена изјава од сведок кој во тој период бил ѓител во местото кае што живеело лицето“ се вели во член 26-а од законот.

Во членот 7 е предвидено да се смени точката 6 и таа да гласи „да владее најмалку еден од службените јазици во Република Северна Македонија до тој степен да може лесно да се разбере со околината“.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, по скратена постапка

Единствени од пратениците кои проговорија за предложените измени во законот за државјанство беа пратениците Павле Трајанов и Димитар Апасиев.

„Се работи за законска материја која е регулирана и со мегународни конвенции, сите држави имат ригиден пристап при признавање на статус на државјанин на одредена држава, при што секаде се барат идентични услови кои морат да се исполнат. Ваков закон прво треба да се носи во редовна постапка, потоа треба детална анализа од страна на Владата и јавна расправа, да се проценат ефектите од една таква операција, и што е најважно – дали навистина има 70.000 грагани кои се без државјанство, а кои пред осми септември 1991 година престојувале најмалку 8 години во Македонија“ вели Трајанов за Фокус.

Апасиев во неговиот фејсбук статус порача „До каде (ќе) оди забеганоста на СДС? Само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО – да иде по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!?“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го премолчија предлогот на новите партнери на нивниот претседател. Немаше ниту жестока расправа, ниту блокирање на говорницата или напуштање на салата. Пред само десетина дена, истите тие пратеници предложија околу 1500 амандмани за да го спречат он-лајн работењето на собранието и уште 500 амандмани за да се закочи Законот за здравствена заштита.

Зошто Мицкоски молчи околу предлогот на неговите нови коалициски партнери и дали не смета дека е тоа тема вредна за внимание доколку се поделат 70 000 државјанства пред најавениот попис ? Која е цената за ваквото однесување кон вака суштинско прашање со кое се менува етничката мапа на државата ? Дали односите со Села и Гаши се поважни за Мицкоски од националните интереси ?

Одговорите на овие прашања ќе се видат наскоро во Собранието, а на мицкоски не му е прв пат едно да говори во јавноста, а друго да преговара и премолчува на затворените состаноци. Медиа веќе информираше за замижување пред барањата на Алијанса и Беса за федерализација на Македонија, а истите го обзнанија и неговото ветување дека е подготвен да гласа за укинување на квотата од 20% која е предвидена во законот за двојазичност.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести