13.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

СКАНДАЛ: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и актуелен пратеник Петар Ристески е член на СДСМ!?

Денес на Твитер се појави документ кој укажува дека Петар Ристески пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е стар член на СДСМ. Засега тој ниту ја потврдува ниту ја демантира веста. Останува да се види како ќе реагираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и сите оние поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои го дале гласот за член на СДСМ да стане пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целата ситуација и не е толку чудна кога ќе се сетите дека екс министерката во владата на СДСМ и Бранко Црвенковски, Гордана Силјановска беше носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица а предходно и кандидат за Претседател. Жестоки реакции кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвика и одлуката на Христијан Мицкоски високо на листата во третата изборна единица да го стави екс пратеникот од СДСМ, Сафет Бишевац. Таквата одлука резултираше со историски наслаб резултат во третата изборна единица, па може само да очекуваме какви ќе бидат реакциите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во некогашниот бастион Прилеп сега кога се појави ваквата информација дека се предводени од член на СДСМ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести