Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ГРУЕВСКИ: Ковид-19 коси и секојдневно одзема многу животи

“Ковид-19 коси и секојдневно одзема многу животи.
Замина и Мите Костов Папули.
Прерано замина уште една исклучително добра и позитивна личност, полна со енергија и ентузијазам за подобра иднина на Македонија. Успешната соработка со него како претседател на партијата Лига на Власите во Македонија започна пред околу 15 години и беше целосно коректна и со взаемна почит и разбирање. Тој беше голем активист за правата и афирмацијата на власите, влашкиот јазик и влашката заедница во Македонија и беше активен во повеќе проекти од тој корпус на активна промоција на влашкиот јазик и култура, иницијатор на формирање на влашката редакција во МРТ, иницијатор за изучување на влашкиот јазик во основните училишта и на филолошкиот факултет, учествуваше во формирањето на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и повеќе други активности иницијативи.
Како економист беше успешен на функцијата заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија каде подолг период во отсуство на директор практично беше прв човек на оваа институција.
Секогаш беше задоволство да се водат разговори и да се соработува со него.
Покрај ненадоместливата загуба за неговото семејство со кое сочуствувам, власите во Македонија загубија голем активист и неуморен борец а сите ние голем пријател и искрен соработник.
Ќе го носиме во најпозитивни сеќавања. Нека почива во мир.” – пишува на фејсбук Никола Груевски.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...