16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

БРАВО ЗА АРМИЈАТА: Масовен одзив за доброволно дарување крв

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои во касарната „Илинден“ доброволно учествуваат во вонредната крводарителска акција, организирана по укажаната потреба од Институтот за трансфузиологија.

На оваа хумана акција крв даруваат припадници од сите команди и единици на Армијата сместени во касарната „Илинден“, вклучувајќи и припадниците на ренџерскиот баталјон, баталјонот за специјални намени, воената полиција, армиската гарда и Логистичката база.

При посетата, министерката порача дека актот на дарување крв е најхуманото дело што секој може да го направи и дека како и многу пати досега, припадниците на Армијата секогаш, без исклучок се одзвале на секоја потреба на граѓаните.

Ваква крводарителска акција, на 20-ти месецов ќе се организира во Командата за обука и доктрини во Велес и на крајот на месецот во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. При дарувањето на крв од Армијата внимаваат и на барањето од болницата  „8. Септември“за обезбедување на дефицитарни крвни групи за кои е упатено барање од оваа болница.

За покажаната хуманост и подготвеност да се помогне, Црвениот крст додели значки и благодарници на припадниците на Армијата со 5, 10 и 25 дарувања крв. Меѓу нив и Зоран Колевски, постар водник I.класа, кој денеска даруваше крв по 44 пат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести