9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

„За пусти пари“ и кворум се прави и “криминални” буџети се носат

Ден после носењето на буџетот, на 4 Ноември во утринската програма на ТВ Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пртеник Александар Николовски обвини дека со ребалансот се отвара огромен потенцијал за криминал. Според него само 8,4% од буџетот се предвиделе за антикризни мерки, а другите пари не се знаело каде одат.
Еден час подоцна, неговата колешка Жаклина Пешевска преку социјалните мрежи се пофали дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ направиле кворум за мерките од четвртиот пакет да стигнеле до граѓаните. Кај неа нема ни незадоволство од малиот процент одвоен за антикризните мерки, ни заради сомнежот дека остатокот од парите ви се користеле за корупција или криминал.
Ваквата конфузија во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ отвара сериозни прашања околу мотивите заради кои што партијата одлучи да одигра за Зоран Заев и да му помогне да го изгласа буџетот без посериозна политичка цена. Во минатото, кога СДСМ беше опозиција се случуваа блокади на седници, илјадници амандмани, тропање со тенџериња и црни понеделници. Сега кога Христијан Мицкоски е опозиција, тивко и без поголем фокус од јавноста буџетот се гласа во собранието.

Лукративни се причините за сервилното однесување на Мицкоски

Водејќи се од народната „сложни попови и во петок мрсат“, според медиумите партиите далеку од очите на јавноста одлучиле среде економска и здравствена криза да си поделат повеќе пари од буџетот. На овој начин се шпекулира дека Заев си го купил кворумот од Мицкоски, а дека Мицкоски си обезбедил дополнителни средства за негово владеење со ВМРО-ДПМНЕ.
Според истражувањето на емисијата КОД, во ребалансот на буџетот драстично е зголемена ставката за невладини организации во кои се сокриени парите што се трошат за партиите.
Наводно се зајакнувал граѓанскиот сектор, но всушност зад зајакнувањето стои поделба на колач од цели 3,5 милиони евра како што тврди Код.
Закон за финансирање на политички партии последен пат бил изменет во 2018 година и со него наместо 0,06% партиите едногласно одлучиле да си делат 0,15% од буџетот, што би значело 5,2 милиони евра за годинава. Сепак, Код потсетува дека по отпочнување на кризата, тогашниот Министер за правда Рената Дескоска со уредба одлучила да ги скрати средствата на 0,04%. Колачот од 320 мил денари со тоа се се намалил на 71,5 милион. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ добило 255 000 евра.
По промената на Дескоска и доаѓањето на Маричиќ, ставката за партии ја нема веќе во буџетот на Министерството, но затоа драстично е зголемена ставката за НВО, која Код вели дека изнесува над 3,5 милиони евра или три пати повеќе од парите кои ги предвидела Дескоска.
„Од утврдената сума која изнесува 0,15% од буџетот, сега постигната е согласност помеѓу политичките партии кои се договорија таа да се намали за 30%“, гласел одговорот од Министерството за правда за Код.

Министерот Маричиќ одбил да говори за емисијата Код,а според нивните сознанија тој одбил да продолќи со идејата на Рената Дескоска за измена на Законот за финансирање на политичките партии.

Медиа.мк и претходно пишување за „кворумското“ однесување на актуелниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести