10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ се пофали со изгласаниот буџет, па членовите ја МАСАКРИРАА во коментари

Синоќа со 55 гласа „за“ и 24 „воздржани“, беше донесен ребалансот на буџетот за 2020 година. Кворумот за гласање е обезбеден благодарение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници гласаа „воздржано“.

На фејсбук се пофали Претседателката на УЖ, Жаклина Пешевска дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ е изгласан ребалансот на буџетот.

  • Вчера се донесе ребалансот на буџетот, благодарение на нас пратениците од опозицијата во Собранието, бидејќи “одговорното и стабилно мнозинство” имаше присутни само 55 пратеници.
    Ние како одговорни пратеници пред граѓаните направивме кворум за да мерките од 4-от пакет стигнат до граѓаните и компаниите засегнати од пандемијата. Продолжуваме посветени и се обврзуваме за доброто на граѓаните!- пишува на фејсбук Пешевска.

Конфузија кај членовите предизвикуваа и партиските соопштенија и изјави на високи функционери кои тврдат дека со новиот ребаланс се отвара можност за голем криминал. За парадоксот да биде поголем изјавите на официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ се една до друга.

Целиот овој “хаос” од соопштенија и изјави ги испровоцира членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално ја “масакрираа” Пешевска на нејзиниот фејсбук статус. Дел од коментарите посочуваат дека се “уценети за да не одат во затвор”, други пак велат дека опозицијата е само помошник на власта, а има и такви кои велат дека им се гади од ваква опозиција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести