2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

„ВМРО-кворумска“ одраз на лицемерието на Мицкоски

Доцна синоќа со 55 гласа „за“ и 24 „воздржани“, беше донесен ребалансот на буџетот за 2020 година. Кворумот за гласање е обезбеден благодарение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници гласаа „воздржано“.

Ова е втор ребаланс за 2020 и за него се дискутираше изминатите пет дена. Првиот ребаланс беше донесен од техничката влада, во првите месеци од ковид-кризата, со уредба со законска сила.

Со ребалансот ќе се реализира четвртиот пакет антикризни мерки, тежок 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и на стопанството во справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од ковид-19. Ребалансот се обезбедува средства за спас на 83 000 работни места преку поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември во износ од 14 500 до 21 776 денари месечно. Покрај тоа, предвидено е околу 283 000 граѓани да добијат платежни картички од 6 000 денари, а за компаниите наменети се десетици мерки како грантови, бескаматни кредити, државна и царинска гаранција и даночни олеснувања.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари, расходите на 252,8 милијарди денари или за 5,5 отсто повеќе во споредба со иницијалниот буџет за 2020 година, а дефицитот е позициониран на 56,5 милијарди денари, односно 8,5 отсто од БДП. Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,1 милијарди денари или за 0,5 милијарди денари се пониски во однос на планот за 2020 година.

Џафери ја разоткри двојната игра на Мицкоски

„Ребалансот кој се наоѓа во собраниска процедура е целосно неразвоен и нема да даде одговор на предизвиците кои ги носи ковид пандемијата, како на здравствен, така и на економски план.“ гласеше првата оценка на владиниот предлог со кој што ВМРО-ДПМНЕ го нападна буџетот.

Од паријата оценија дека Зоран Заев се расфрла со парите на граѓаните. Наместо да се инвестираат во проекти и мерки кои ќе обезбедат нови работни места, ВМРО сметаше дека Заев ќе ги потроши парите за давање на едномесечен паушал во стилот на изборен поткуп кој го спроведоа пред изборите.

„Зоран Заев кога го скицирал буџетот, мислел на него, а не на граѓаните и фирмите. Мерките на Заев се нефункционални и неискористени. Искористеноста на првите три сета на мерки е одвај 55%, а истото се очекува и за четвртиот сет на мерки. Тоа е резултат кога се работи без план“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој информираше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата поднеле 188 амандмани.

После вака сериозен напад на буџетот очекувано беше да се пружи жесток отпор на неговот носење и да се вложат максимални напори да не се направи штета која што ќе плаќаат граѓаните, доколку навистина Мицкоски верувал во сопствената аргументација.

Наместо тоа, граѓаните видоа бледи дискусии и обезбедување на кворум од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да се донесе буџетот кој според Мицкоски беше лош и за државата и за партијата бидејќи така ќе се купувале гласови во пресрет на локалните избори.

Отпорот на Мицкоски заврши неславно и лажно, за што сведочеше спикерот на Сопбранието Талат Џафери. „Имавме договор дека денеска ќе завршиме. Прашав дали има потреба мнозинството да обезбеди мнозинство. Сите се согласивте дека не мора, затоа што се работи за буџет. На завршните зборови излегувате сите надвор за да покажете дека мнозинството нема мнозинство. Слушајте ме сите од опозицијата: или има договор или ќе кажете од почеток дека нема договор“ им се закани Џафери на пратениците на Мицкоски по што следуваше изгласување на буџетот.

Пратениците на Мицкоски служат за потсмев на социјалните мрежи

„Ние како опозиција ќе бидеме присутни, ќе дејствуваме во рамки на Парламентот, институционално, но во никој случај да не се потпираат на обезбедување кворум и да не ја обвинуваат опозицијата за нефункционирањето на институциите“, изјави Мицевски на 14 Септември.

Месец ипол подоцна насоките на Мицкоски се целосно поинакви. ВМРО-ДПМНЕ прави кворум, а никој не знае што добил Мицкоски од СДСМ во замена за тоа.

Остатокот од опозицијата реагира жестоко критикувајќи ја понизноста на Мицкоски.

„ДПМНЕ со улогата на обезбедувач на кворум за закони наликува на оној што им светел на оние од вицот (ај да не бидам вулгарна, иако се е вулгарно и дно на дното“, реагираше професорката Билјана Ванковска, блиска пријателка која до неодамна ја подржуваше носителката на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица Гордана Силјановска.

Други се потсмеваат дека Мицкоски треба да биде избран за доживотен претседател заради тоа што обезбедил кворум.

Трети немаат зборови за да го опишат „лудилото“ на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. А пратеникот Апасиев се чуди за „опозициското“ однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести