6.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

СДСМ избра кандидат за градоначалник на Штип, Мицкоски го турка ВМРО-ДПМНЕ во БОЈКОТ!

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат.

Во партиското соопштение од СДСМ наведуваат дека Николов е вистински професионалец кој ќе донесе победа во Штип.

  • “Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје. Николов, докажан кардиохирург и врвен професионалец е дел од чесната понуда на СДСМ за предвремените локални избори на кои СДСМ оди на победа.” -се вели во соопштението на СДСМ.

Мицкоски го турка ВМРО-ДПМНЕ во бојкот на изборите!

Мицкоски веќе неколку пати нагласи дека е сосема возможно да се побара одложување на изборите, а на вчерашното гостување на ТВ Клан најави дека веќе има изграден став за тоа прашање. Сега кога СДСМ веќе избра кандидат и не планира одложување на изборите, се појасно е дека мистериозниот “став” на Мицкоски ќе биде одлука за бојкот која ќе биде утврдена на утрешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Изборите во Пласница и во Штип е уште еден рецитив на погрешните политики на СДСМ и ДУИ. Во среда имаме состанок на ИК и ќе го изградиме нашиот став и ќе го соопштиме на јавноста. Но, еве тој став и се надзира од овој мој коментар тоа е ставот со кој јас ќе излезам пред членовите на ИК, рече Мицкоски.

Ваквиот развој на настаните веќе го најавивме во предходните пишувања поврзани со изборите во Штип.

Мицкоски има проблем да најде сериозен кандидат за Штип, одкако од омилениот помеѓу штипјани Илчо Захариев беше индиректно “откачен”. Мицкоски се обиде да го наметне актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов како потенцијален кандидат и го најави како “одличен тандем” со Илчо Захариев. Останува да ја слушнеме утрешната одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, иако веќе “мириса” на бојкот кој би требало да му обезбеди на Мицкоски бегство од нов пораз.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести