16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски има проблем да најде „жртва“ за Штип

„Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија. Тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања“, порача од штипско Ново Село, пред пет дена претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Да престанат олигарси, да престанат бизнис семејни интереси во Штип, да престанат бизнис семејни транзициони интереси низ Македонија рефлектирани низ семејствата кои што во Штип изминатиов период практично пустошат, а штипјани се тие кои што се незадоволни од таквиот начин на однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени градоначалнички избори очекува масовна поддршка што впрочем и ќе значи нов ветар, нова енергија која што ќе ја навести и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори кои што ќе се случат за помалку од една година од денес. Штип во минатото секогаш бил предвесник на промените, така ќе биде и овој пат“, изјави Мицкоски на Денот на македонската револуционерна борба.

Името на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ беше најавено за понеделник, но уште го нема

Покрај тоа што крајно самоуверено ја најави победата, Мицкоски на штипјани им вети дека тие за многу кратко време ќе го слушнат човекот кој ќе им го предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатиот петок најави дека за два до три дена ќе го објават кандидатот за градоначалник за кого очекувал поддршка од штипјани кои изминатите три години не биле задоволни од проектите на поранешниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски Благој Бочварски.
Поминаа пет дена, а името на кандидатот не се објави што е во целосна спротивност со сомоувереноста која што ја манифестира Мицкоски.
Партиски извори говорат дека во моментов најсериозен кандидат е пратеникот Иван Јорданов, но сеуште течат одредени договарања. Од партијата барале негова решителност која што би се манифестирала преку давање оставка и откажување од пратеничкиот мандат, додека Јорданов сакал да го задржи пратеничкото место и барал гаранции дека и на идните Локални избори би бил кандидат.
Калкулирањето со името на кандидатот и ваквите математики укажуваат на фактот дека Мицкоски повторно пумпа меур со сапуница кој на 13 или 27 Декември целосно ќе се распрсне, односно дека веројатно му претстои уште еден пораз.
Единствена сламка за спас би била пазарење со Заев за да му ја отстапи оваа мала битка која многу би му значела за зачувување на партискиот трон. За сметка на тоа Заев би си добил бледа и изолирана опозиција каква што е ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски.

Захариев не се сликаше со Мицскоски, само му испрати абер преку посредници

Илчо Захариев, поранешниот градоначалник на Штип, кој важи како единствен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ што во моментов има углед меѓу штипјани не се појави на празничната фотосесија на Мицкоски.
Таму после подолг рекреативен престој надвор од Македонија се појави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група , но тој и самиот е свесен дека не поминува најдобро ниту кај членството, ниту кај неутралните.
Трајче Димков , пратеник од претходниот состав, не котира лошо меѓу штипјани, но тој не успеа да ја добие довербата на Мицкоски ниту за да биде ставен на листите за пратеници во третата изборна единица, така што фотосесијата веројатно ќе остане само за спомен.
Кружат информации дека во знак на немоќ , Мицкоски разговарал и за предлози на коалициските партнери и со неколкумина неутрални, но видни и угледни штипјани. Засега од сите страни одговорот бил ист каков што беше на Захариев. Според информациите до кои дојдовме, главно му се заблагодариле на довербата на Мицкоски и му порачале дека во моментов не се заинтересирани за кандидатура.
Медиа.мк веќе информираше за начинот на кој што Захариев го одбил Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести