8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ТОДОРОВ: Мицкоски да си оди, во ВМРО-ДПМНЕ е потребна демократска транзиција

Поранешниот министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека прилично долго време не се слушнал со поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски, односно пред Конгресот на партијата во Валандово.

„Не, никогаш не сум се плашел од Груевски. Христијан Мицкоски изгуби на изборите, па сите му аплаудираа. Видете, припадноста кон партиите кај нас стана силна работа. Јас и во моите колумни пишувам дека врската кон партијата стана посилна од врската кон државата“, вели Тодоров на прашањето каков е тој однос кон првиот човек на партијата.

Тој вели ВМРО-ДПМНЕ треба да доживее демократска транзиција, а Мицкоски да си замине.

„Јавно кажувам дека Мицкоски треба да си оди. Но, не е поентата Мицкоски да си оди и да дојде друг и истото да продолжи“, кажа Тодоров.

Тој потенцира дека доколку ВМРО-ДПМНЕ имал став околу референдумот, било каков, тогаш бил убеден дека тоа ќе резултира со власт.

„Јас и тогаш советував да се искаже став околу референдумот. Ако тоа го стореа, сега ќе беа на власт“, изјави Тодоров.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести