-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

АЛБАНИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕ: Утрово земјотрес со јачина од 4.9 степени

Соседна Албанија повторно беше погодена од низа земјотреси.

Утрово беа регистрирани потреси со јачина од 4,9 степени според Рихтер, со епицентар во Јадранското море, на 27 километри северо-западно од Драч.

Земјотресот најмногу се осети во Драч и Тирана.

Се дознава дека потресите имале длабочина од 10 км. Во меѓувреме, ЕМСЦ ги опиша овие осцилации како скала 3.

Според министерството за Одбрана, овој земјотрес бил проследен со 42 последователни земјотреси од кои најголемиот беше со јачина од 3,5 степени. Се уште не е пријавена штета.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести