5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ШТО СЕ ЗНАЕ ЗА „ЗЛАТНА ЗОРА“ која е прогласена за криминална организација (ФОТО+ВИДЕО)

Грчката крајно десничарска партија Златна зора со судска одлука денес е прогласена за криминална организација, а таа одлука предизвика хаос на улиците на Атина. Бурната историја на оваа група ја заинтригира јавноста уште од нејзиното основање во 1993 година.

Лидерот на Златна зора, Никос Михалолијакос и шестмина негови колеги беа осудени по обвинение дека биле на чело на криминална група, со што заврши петгодишниот процес. Претходно нивен поддржувач беше прогласен како виновен за убиството на музичар, а други 15 од нив беа осудени за соучесништво. Сведоците на судењето изјавија дека членовите на партијата биле обучени да користат оружје и носеле нацистички симболи.

Политичката и „мрачна“ историја на Златна зора

Целосното име на партијата е Народно здружение – Златна зора, а нејзините членови и симпатизери ја опишуваат како „народно националистичко движење“, а самите себеси како „бескомпромисни националисти“.

Сепак, други ги сметаат за неонацисти и фашисти, и ги обвинуваат за бројни напади, вклучувајќи убиства, особено на мигранти и политички противници.

https://twitter.com/_PMolnar/status/1313774763945472000?s=19

Промовирајќи радикални десничарски и расистички идеи на политичката сцена, Златна зора ги спроведе во на дело со помош на криминалци кои ги тероризираа мигрантите, ЛГБТ заедницата и левичарските активисти.

Основач и водач на организацијата е Николаос Михалолијакос. Златна зора официјално е основана во 1993 година, а привремено беше згасната во 2005 година, но продолжи со работа во март 2007 година.

Политичкиот врв го достигна во 2012 година, за време на економската криза во Грција. Таа година, таа освои скоро 12 проценти од гласовите на изборите и беше трета најсилна партија во парламентот со 18 пратеници. На изборите во 2019 година, Златна Зора не го помина цензусот.

Убиство на музичари и напади

Под лупа на истражните и судските тела, како и јавноста, Златна зора се најде во 2013 година по убиството на раперот и антифашист, Павлос Фисас, кога на 18 септември истата година во близина на Атина,  беше прободен со нож и убиен од група мажи облечени во црно, откако излегол од еден локал

Поддржувачот на Златна зора Џорџ Рупакиас го призна убиството на раперот Павлос Фисас, оправдувајќи се дека тоа го сторил во самоодбрана.

Медиумите известуваа тие денови дека водачите на Златна зора им се заканувале на муслиманите во Грција дека ќе бидат „заклани како кокошки“ ако не се преселат од Грција и дека најавиле дека ќе соберат 100.000 Грци за да спречат изградба на првата џамија во Атина.

Членови на Златна зора беа осудени и за напади врз мигранти и левичарски политичари. Петмина беа осудени за обид за убиство на египетски рибар, а четворица за обид за убиство на комунистички активист од синдикатот ПАМЕ.

Врски со полицијата

Откако властите во Атина наредија итна истрага за наводните врски на Златна зора со полицијата и армијата, петмина истакнати припадници на грчката полиција беа отпуштени.

Тогаш беше уапсен пензиониран 60-годишен полицаец, кој, според истрагата, заштитувал ултрадесничари и под закана за апсење и депортација ги принудувал мигрантите кои биле нападнати од неонацисти да ги повлечат своите пријави.

Скандали во парламентот

Како што не одмараа на грчките улици, така правеа скандали во Парламентот, додека беа пратеници.

Демонстрации во Атина

Пред три години, водечкиот член на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Илијас Касидијаријас беше избркан од Парламентот откако се судри и го удираше пратеникот од ривалската партија, по што започна конфликт со други партии.

Една година подоцна, за време на дебатата за доверба во владата, пратеник на Златна зора повика на воен удар. Тој беше уапсен за неговиот говор, а на Златна зора и беше забрането понатамошно учество во дебатата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести