Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МОДЕРНА БАЈКА: Од продавачка на пазар до СОПРУГА НА НАЈБОГАТИОТ ФРАНЦУЗИН

Животот често пишува романи, па животот на руската манекенка Натали Водианова изгледа како модерна бајка!

Доаѓајќи од силна сиромаштија, таа беше принудена да го помине своето детство на пазар продавајќи овошје, каде што беше забележана од еден од агентите на една модна агенција од Париз.

Набргу потоа, Наталија се најде во градот на светлината и веќе на 19-годишна возраст имаше 20.000.000. долари на сметка!

Нејзиниот успех во модната индустрија во светот на богатите и славните, доведе до тоа да го запозне својот прв сопруг, аристократот Џастин Портман, со кого има три деца.

View this post on Instagram

OUI! 💝💝💝

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on

По девет години брак и три деца, Наталија се вљуби во милијардерот Антуан Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Берлути“, кој е сопственик на познатите модни брендови „Луј Витон“, „Гучи“, „Фенди“ и „Кристијан Диор“.

После неколку години врска со милијардерот, со кого веќе има два сина, сега е официјално омажена за него!

Свадбената церемонија се одржа на мала церемонија во Париз, каде што веќе долго време живее популарниот пар.

Невестата блескаше во венчаница со потпис на руската дизајнерка Улиана Сергенко, додека тој се определи за темно сино одело и неколку нијанси полесна вратоврска.

Погледнете како изгледаше нивниот излез од матично!

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...