5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Најдебелиот човек на светот ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ (ФОТО)

Мексиканецот Хуан Педро Франко, кој пред три години влезе во Гинисовата книга на рекорди со 595 килограми како најтежок човек на светот, го победи коронавирусот.

Диетата и физичките вежби, како и операцијата за намалување на желудникот, очигледно ми помогнаа во тоа, изјави 36-годишниот Франко за АФП.

Тој изгубил 208 килограми, но долгогодишниот дијабетес, високиот крвен притисок и хроничните белодробни заболувања му ја отежнале борбата против коронавирусот.

Имал висока температура, главоболки и по целото тело и големи тешкотии му создавало гушењето, открива Франко, кој живее во сојузната држава Агуаскалиентес во централно Мексико.

– Тоа е многу агресивна болест, рече тој.

Според официјалните податоци, дури една четвртина од 74.000 лица во Мексико, кои починале како резултат на инфекција на коронавирусот, биле со прекумерна тежина.

– Дијабетичари, хипертензиви и срцеви пациенти се подложни на компликации од коронавирусна инфекција – вели Хозе Антонио Кастанеда, шеф на тимот што го третираше Франко од дебелина.

– Нивните шанси да се спасат се многу мали – додава тој.

Неговиот пациент, кој некогаш не можеше да стане од кревет поради својата тежина, е еден од исклучоците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести