5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПРВО ДА ТЕ ИМА НА СПИСОК ПА ЌЕ СЕДНЕШ НА КАФЕ – Нови ригорозни мерки во Виена

Одење на кафе или на ручек во ресторан во Виена од понеделник нема да биде можно без да му ги дадете на сопственикот апсолутно сите информации за вас самите. Тоа е најновата мерка во борбата против коронавирусот.

Имено, секој што ќе сака да ги посети кафулињата, рестораните и баровите од следната недела, ќе мора да се пријави на посебни списоци на влезот, што ќе му овозможи на сопственикот на ресторанот да ги информира потенцијално загрозените граѓани, во случај да биде регистрирано дека некој од вработените или гостите е позитивен на коронавирус.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, рече дека новата мерка ќе стапи на сила во понеделник, но дека се уште се работи на тоа како точно ќе се информираат загрозените.

Одлуката новата мерка да стапи на сила е донесена откако во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 832 нови случаи на инфекција со корона вирус.

Тоа е петта најголема вредност на новозаболени лица од избувнувањето на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари. Експертите наведуваат дека состојбата во Виена е особено алармантна затоа што се евидентирани 431 нов случај на инфекција.

Расте и бројот на хоспитализирани лица, кој од вчера е зголемен за уште 50 пациенти.

Во моментов во Австрија има 8.470 активни пациенти, од кои 463 се хоспитализирани, а 78 се на интензивна нега.

Беа забележани и шест нови смртни случаи, со што бројот на смртни случаи се искачи на 783.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести