Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Зошто има МНОГУ ПСИХОПАТИ КАЈ ДИРЕКТОРИТЕ?

Интересно, но веројатно добар дел од нас немаме јасна слика за тоа кои луѓе се психопати. Од филмовите „учиме“ дека тие се насилни луѓе, подготвени за било што, со еден збор: дека тие се закана за нас.

Сепак, во реалноста, многу од нив, велат психолозите, се пријатни, образовани и почитувани членови на општеството. Кога станува збор за работа, луѓето со психопатични својства обично се на врвни позиции.

Нивното друго име е моќ и авторитет. Колку и да се допадливи за дружење надвор од работа, ќе се согласиме дека вработените не им е сеедно кој ќе биде нивниот супериор.

Британски професор од Оксфорд состави список на топ 10 работни места што се најдобри и најлоши за психопати, а резултатите покажаа дека извршните директори се на врвот на тој список.

Исто така, новинарот на БиБиСи Пол Хадсон го кажа следново: „Да се ​​биде директор или моќна личност, мора да имате одредени вештини што психопатите ги покажуваат со леснотија“.

Според студиите, од вкупното население – само 1 процент се психопати.

Но, меѓу светските лидери, шансите се четири пати поголеми дека ќе наидете на психопат. Иако често ги спомнуваме во негативен контекст, овие личности всушност можат да бидат одлични лидери, кои ги мотивираат луѓето со својот шарм и самодоверба.

Колегите, не знаејќи дека имаат психопатични карактеристики, ги опишуваат како креативни и харизматични луѓе, со изразени комуникациски вештини. Зошто, сепак, има толку многу од нив во деловниот свет денес?

Данскиот психолог Пол Вергеж вели дека тоа е затоа што живееме во неолиберализам, кој по дифолт ги наградува психопатите, односно оние што не се емпатични, ризикуваат, се импулсивни. Како што е објаснето, нивната способност да манипулираат со луѓето – ги прави добри директори.

Психопатите имаат изразена и нагласена позитивна слика за себе, имаат емоционална самоконтрола и им недостасува чувство на вина и каење. Остануваат мирни, дури и кога системот околу нив пропаѓа.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...