10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Меркел: Да се ИДЕНТИФИКУВААТ И КАЗНАТ одговорните за труењето на Навални

Германската канцеларка, Ангела Меркел во понеделникот ја повика Русија да го истражи можното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални како и да работни на казнување на сторителите.

Германските лекари кои го лекуваат Навални во берлинската болница претходно изјавија дека прегледите покажале дека е отруен пред да колабрира во авионот во Русија минатата недела.

Оние кои се одговорни мора да бидат идентификувани и казнети, изјави Меркел во заедничка изјава со министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

Русија се уште не ги коментира тврдењата на германските лекари.

Кремљ во петокот изјави како и понатаму не е јасно поради што му се слошило на Навални како и дека првичните тестови покажале дека не е отруен.

Овој инцидент би можело дополнително да ги загрози и онака лошите односи помеѓу Русија и европските држави кои во минатото ја обвинуваа дека ги напаѓа своите дисиденти, што Русија го отфрла.

Лекарите во сибирската болница кои први го лечеа Навални во понеделникот минатата недела изјавија дека му го спасиле животот, но дека не пронашле траги од отров во неговото тело.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести