9.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

КЛАСТЕР НУДИСТИЧКА ПЛАЖА – Свингери ширеле зараза во Франција

Ново жариште на коронавирусот е пријавен во нудистичкиот камп во францускиот град Кап д’Агде, во близина на Монпелје.

Локалните власти го нарекоа жариштето „многу загрижувачки феномен“, бидејќи Франција во моментот доживува рекордно зголемување на нови случаи.

Најмалку 95 гости биле тестирани на лице место и добиле позитивен резултат, додека 50 од нив пријавиле симптоми и биле тестирани при враќање дома.

Според сопствениците, посетителите на кампот биле должни да носат маски и да се придржуваат кон правилата за одржување на растојание, што наводно го правеле. Но, проблемот лежи во фактот дека овој камп го посетуваат и свингери, за кои не може да се каже дека „ја одржуваат својата дистанца“.

Процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е четири пати поголем во однос на околните места со сличен број на жители.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести