1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Орбан: ЕУ прво треба да потпише договор за стратешко партнерство со Украина, наместо да започне преговори за членство со земјата

Европската унија прво треба да потпише договор за стратешко партнерство со Украина, наместо да започне преговори за членство со земјата, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи го патот до можен компромис пред клучниот самит на ЕУ.

Сите 27 национални лидери на ЕУ треба да одлучат во средината на декември дали да ја прифатат препораката на Европската комисија да го покани Киев да ги започне преговорите за членство веднаш штом ќе ги исполни последните услови, иако се бори да ja одбие руската инвазија.

Секоја таква одлука бара едногласност на 27-те членки на блокот, а Унгарија се смета за главна потенцијална пречка. Унгарскиот премиер во неколку наврати изјави дека Унгарија нема да го поддржи предлогот на Комисијата во сегашната форма.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести