Според Фенг Шуи, во домот треба да владее ред и да не се натрупуваат аглите и да се собираат непотребни работи. Со тоа треба да направите простор за нови и убави работи во вашиот живот. А една од најважните работи се секако парите.
Секако, за да имате доволно пари, треба да работите, да се трудите и да напредувате. Сепак, една стара кинеска вештина покажува како да привлечете пари во куќата, а со тоа и позитивна енергија.
Еве еден трик за кој се верува дека привлекува пари и изобилство во вашиот живот и дом.
Потребно ви е:
– 2 раце ориз
– 6 зрна црн бибер
– 2 стаклени шишиња кои ќе ги затворите
Многу е едноставно, само ставете ги овие состојки во стаклени садови што претходно сте ги измиле. Распоредете ги низ домот и на неколку дена менувајте го оризот.
