7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

“ТУРСКОТО КАФЕ” КОЕ ЧЕСТО ГО ПИЕМЕ ВО СУШТИНА Е ВИСТИНСКИ ОТРОВ !

Една од опасните последици од пиење кафе, кое се подготвува на традиционален начин е зголемено ниво на холестерол.

“Турско кафе“, име кое се одомаќини кај нас, се подготвува без филтрација на течноста кое може да доведе до бројни заболувања, предупредуваат научниците.

Тие го тестирале црниот напиток кој се подготвува со варење на мелено кафе во вода. Така подготвено се служи заедно со талогот, а стручњаците прдупредуваат, тоа е најопасно.

– Сите врсти на кафе без филтер содржат големи количини органски соединенија кафестол и кахвеола – хемикалија која се наоѓа во масни капки кои пливаат на кафето но и во талогот“, изјавила др. Лиза Друјер за СНН.

– Оваа студија покажала дека двете супстанци можат да го подигнат нивото на триглицириди и нивона ЛДЛ (лош) холесторол. Затоа е подобро да пиете филтрирано кафе, односно она која се “процедува“ низ филтер од хартија, на тој начин се задржуваат овие хемикалии.

Норвешка студија објавена во “The European Journal of Preventive Cardiology”, се занимавала со врската меѓу методот на подготвување на кафе и големиот ризик од предвремена смрт, срцеви заболувања и мозочен удар.

Повеќе од 500.000 возрасни Норвежани помеѓу 20 и 79 години учествувале во студијата, која барала две децении да пополнуваат анкети. Во текот на овој временски период, отприлика 12.000 учесници починале од срцеви заболувања, 6.000 починале од артериосклероза, а скоро 3.000 починале од мозочен удар.

На крај, истражувачите откриле дека учесниците кои пиеле филтрирано кафе, 15 отсто имале помал ризика од прерана смрт. Луѓето кои секојдневно пиеле меѓу една и четири шољи доживеале најмал процент на смртност – тука се вклучени и луѓе кои воопшто не пиеле кафе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести