Санкциите ќе стапат на сила по објавувањето во Службениот весник на ЕУ. Имотот на три физички лица и еден субјект во ЕУ ќе биде замрзнат и нема да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ.
Ќе има и построги санкции против две физички лица и два субјекти. Во последните денови руската војска користи ирански беспилотни летала Шахед-136 за да ги нападне украинската енергетска инфраструктура и градовите.
ЕУ веќе воведе неколку рунди санкции против Иран, како и серија економски и финансиски мерки, вклучително трговски и транспортни ограничувања и замрзнување на средствата на големите ирански банки. Последната рунда санкции беше воведена во понеделникот поради задушување на антивладините протести, кои беа предизвикани од смртта на Махса Амини.
