0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во Белорусија

Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека на неговата земја ѝ се заканува напад од Украина. Руската авијација „врши планирана патрола на воздушните граници на Државниот сојуз“, соопшти Министерството за одбрана во Минск, повикувајќи се на името за бесцаринската зона на двете земји.

Русија ја нападна Украина од Белорусија на 24 февруари, испраќајќи војници и опрема за подоцнежната неуспешна офанзива на Киев. Белорусија дели 1.085 километри долга граница со Украина, која во најблиската точка е на само 100 километри од главниот град на Украина.

Иако Лукашенко повторува дека Белорусија е под закана од украински напад, тој не ја испраќа војската да се бори заедно со Русите, и покрај загриженоста од Западот и Киев дека може да го стори тоа.

Украина негира дека е закана за Белорусија.

Во одделен инцидент, шефот на белоруската КГБ објави дека уапсиле еден украински шпион и двајца Белоруси за предавство. КГБ тврди дека се обиделе да споделат воени информации со украинските разузнавачи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести