0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Владата на Велика Британија ќе ги замрзне сметките за струја и гас на потрошувачите на две години

Владата на Велика Британија ќе ги замрзне сметките за струја и гас на потрошувачите на две години.

Исто така, ќе ги поддржи бизнисите во намалувањето на трошоците за енергија, изјави денеска новата премиерка Лиз Трус, осврнувајќи се на пакетот помош што државата ќе ја чини 150 милиони фунти (173 милиони долари), објави Ројтерс.

Трас, исто така, рече дека ќе нареди да се извади повеќе нафта од Северното Море и ќе ја укине забраната за ископување со цел да се обиде да ги зголеми енергетските резерви на Британија, пренесе АП.

Таа рече дека двегодишното замрзнување, или „гаранција за цените на енергијата“, значи дека просечните трошоци за домаќинството нема да надминат 2.500 фунти годишно (2.872 долари) кога станува збор за греење и електрична енергија.

До октомври, сметките требаше да скокнат на 3.500 фунти (околу 4.000 долари), тројно повеќе од цената пред една година.

Таа додаде дека помош ќе добијат компаниите и јавните институции, како болниците и училиштата, но за период од шест месеци.

Владата најави дека ограничувањето на сметките ќе ја намали инфлацијата за 4 до 5 процентни поени.

Во јули инфлацијата во Британија изнесуваше 10,1 отсто, а се предвидува дека на крајот на годината ќе скокне на 13 отсто.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести