0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?

– Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК? – прашуват тие.

Во соопштението се додава дека очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух.

– Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести