-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Почина последниот член на бразилското домородно племе кое немало контакт со цивилизацијата

Почина последниот член на бразилското домородно племе кое немало контакт со цивилизацијата.

Ова во саботата го соопшти бразилската агенција за заштита на домородното население Фунаи.

Познат како „Човекот од дупката“, тој живееше во последните 26 години во целосна изолација на домородната земја Танару, длабоко во бразилската Амазонија, во државата Рондонија.

Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да фаќа животни, пишува CNN.

На 23 август, службениците на Фунаи го пронашле во лежалка во колибата. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе.

„Тој почина од природна смрт, а неговото тело ќе биде подложено на вештачење“, велат од Фунаи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести