1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

САД новите немири во Багдад ги оцени како вознемирувачки

САД новите немири во Багдад ги оцени како „вознемирувачки“ и ги повикаа Ирачаните да се воздржат од насилство, при што загинаа најмалку осум лица.

„Извештаите за денешните немири во Ирак се вознемирувачки … Ги повикуваме инволвираните да останат смирени, да се воздржат од ова насилство и да продолжат со мирни патишта за решавање политички спорови“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Осум поддржувачи на ирачкиот свештеник Моктада ал Садр се убиени, а 85 други се повредени во денешните судирите што избија во утврдената Зелена зона во Багдад.

Ирачката армија воведе полициски час низ целата земја од 19 часот по локално време.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести