„Поради последиците од обилните дождови и поплавите, 24 лица загинаа во селото Емамзадех Давуд на западот на земјата и во областите Фирузкух, Рудехен и Дамаванд источно од Техеран“, соопшти иранската Црвена полумесечина, од каде што додаваат дека продолжува потрагата по 19 исчезнати лица.
Иран е претежно сува земја, а во изминатите 10 години сушите беа особено тешки во неколку наврати. Но, земјата е погодена и од чести поплави по обилните дождови.
Засега е познато дека седум лица загинале како последица на поплавите во туристичкиот град Емамзадех Давуд и во регионот Дамаванд, а 14 од нив се сметаат за исчезнати.
