4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Пироман подметнувал пожари, тоа го возбудувало

Мажот (30), доброволец пожарникар од регионот Херо, е уапсен во средата, соопштија регионалните обвинители, пренесува „Гардијан“.

Случајот со човекот кого француските медиуми го нарекуваат „пожарникар- пироман“ предизвика голем интерес во Франција.

Граѓаните на Франција биле шокирани од шумските пожари за време на минатонеделниот топлотен бран што принуди евакуација на илјадници луѓе.

Обвинителот на Монпеље, Фабрис Беларжан, изјави дека мажот признал дека со запалка го подметнал пожарот на 26 мај, 21 јули и последен пат ноќта меѓу 26 и 27 јули.

“Тој изјави дека тоа го направил за да предизвика интервенција бидејќи тоа му било возбудливо. Тој рече дека во тоа време бил под адреналин”, рекол Беларжан.

Пожарникарот-пироман работел со полно работно време како шумар, а превенцијата од пожари е една од неговите примарни обврски.

Неговата адвокатка Мари Бар изјави за BFM TV дека за време на испрашувањето човекот изразил големо жалење и срам. Таа потврди дека истражниот судија му одредил притвор во пресрет на судењето.

“Тој им се извини на пожарникарите со кои работи бидејќи ги нарекува своето големо семејство. Ова е некој кој е многу посветен на својата работа. Тешко му е да објасни зошто го направил тоа. На некој начин чувствува олеснување што бил уапсен. Тој го нарече пожарот своја зависност“, рече адвокатката.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 15 години и парична казна од 150.000 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести