-3.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

OН: Оваа војна нема и нема да има победник

„Оваа војна нема и нема да има победник“, се вели во соопштението на Амин Авад.

„Ни треба мир. Војната мора да престане“, додаде тој, во време кога разговорите меѓу Киев и Москва со недели се во застој.

Авад изрази загриженост поради „високата цена“ што ја плаќа цивилното население, предупредувајќи на „уништување во градовите и селата“, како и „изгубени животи, куќи, работни места и иднина“.

Главните цели на Москва во Украина во последните недели беа источниот и југот на земјата, кои би можеле да бидат припоени.

„Ситуацијата на исток е навистина тешка“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Newsmax во средата, додавајќи дека секој ден се убиени од 60 до 100 војници, а 500 се повредени.

„За нешто повеќе од три месеци, речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови, главно жени и деца“, рече Авад, додавајќи дека тоа е „без преседан во историјата“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести