0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Вучиќ: Од ЕУ ми праќаат писма, полни со притисок и закани

„Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена“, рече Вучиќ на прес-конференција во Белград, пренесува Н1.

Осврнувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент со која се повикуваат новоизбраните власти во Србија да воведат санкции кон Русија, Вучиќ рече: „Блазе си на тие ако немаат попаметна работа од испраќање писма до Србија за тоа што и како треба да прави, со одреден притисок и закани“.

„Многу ги почитуваме, ни се исклучително важни, но не лутете се, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент“, рече тој.

Доколку биде усвоена резолуцијата на Европскиот парламент, претседателот на Србија, одговарајќи на прашање на новинарите на Н1, рече дека ќе ја земе предвид, но дека ќе се води од интересите на државата.

„Кога ве слушам вас од  N1, 700 пати ми дојдоа разни ултиматуми во последните седум години и секој пат се прашувам како ги преживуваме тие ултиматуми. Слободен човек и слободна земја не одлучуваат за ултиматуми и моќ што некој ја претставува, но на она што штити, а ние ја штитиме нашата земја и нашите граѓани“, рече Вучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести