Џенифер Лопез и Бен Афлек со месеци се главна тема во медиумите. Љубовната приказна на латино дивата и холивудскиот актер е посебна по многу нешта, особено поради фактот што се смирија по речиси 20 години.
Нивната свршувачка одекна во светот, а пејачката откри како изгледал моментот кога ја запросил. Како што рекла, Бен „клекна на едно колено на нејзиното најомилено место во светот“.
Таа во својот билтен „On The JLo“ открила дека нејзиниот „најголем сон“ се остварил минатиот викенд кога Афлек ја прашал дали сака да се омажи за него.
„Во саботата вечер, додека бев на моето омилено место на светот (во пенлива купка), мојата прекрасна љубов клекна на едното колено и ме запроси. Бев целосно неподготвена и само го гледав во очи насмевнувајќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да го разберам фактот дека после 20 години сето тоа се повторува. Буквално останав без зборови, а тој ми рече: „Дали е тоа да?“. Јас реков да, секако, тоа е да“, напишала 52-годишниот пејачка и продолжила: „Се насмеав толку силно и солзи ми течеа по лицето, се чувствував неверојатно среќена и исполнета. Не беше отмено, но беше најромантичната работа која кога било сум можела да ја замислам. Само мирна саботна вечер и двајца луѓе кои си ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Двајца многу среќни луѓе, кои добиле втора шанса за вистинска љубов.“
