10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Артур има дури дури 9 жени

Пошироката јавност за Артур дозна минатата година, кога сподели фотографии од церемонијата на која размени завети со осум жени, и покрај тоа што веќе беше во брак со својата официјална сопруга Луана Казаки.

Церемонијата се одржа во Сао Паоло, а О Урсо ја опиша како „протест против моногамијата“, но службата не беше легитимна бидејќи полигамијата е нелегална во оваа земја.

Но, една од жените, именувана само како Агата, сега сака да ја напушти оваа бизарна заедница.

„Сакаше да ме има за себе. Нема смисла, мора да споделиме се. Бев многу тажен поради разделбата и изненаден од нејзиниот изговор. Ми рече дека и недостига моногамна врска. Другите мои жени мислат дека нејзиниот став е погрешен и дека првично се согласила да се омажи поради авантурата, а не затоа што навистина чувствува нешто за мене“, изјавил Бразилецот.

„Знам дека ја загубив сопруга, но засега нема да ја заменам“, додал тој, а открил и оти се надева и дека во иднина ќе влезат уште жени во неговиот живот. Имам сон. Мојата желба отсекогаш била да имам 10 жени. Имам само една ќерка, но сакам да имам дете со секоја моја сопруга. Љубовта што ја чувствувам за секој од нив е иста. Мислам дека е неправедно да имаш деца само со една или две жени“, изјавил тој за Дејли Стар.

Инаку, Артур е многу популарен на социјалните мрежи – на Инстаграм го следат над 50.000 луѓе, а таму споделува совети за секс и неконвенционални врски. Присутен е и на платформата за возрасни OnlyFans.

„Ги учиме луѓето на сè преку дигиталните платформи, од различни пози во сексот до тоа како да се впуштат во свингување. Многумина се плашеа од техниката, но сега нашите совети поттикнаа многу парови уште повеќе да се зближат дома. OnlyFans ни донесе бескрајни можности“, заклучил тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести