Поранешниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Центар и екс амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров, во емисијата „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во партијата.
- Јас не знам каде Мицкоски ја гледа поддршката. Партијата е падната од 450 илјади гласови пред 4 години на 300 илјади гласови. Членството е паднато од 147 илјади до 2017 година, на 45 илјади сега. Во општински комитет Центар членството е паднато од 4.700 на 780 луѓе. Каде е поддршката? Емпириски, односно по негово математички се докажува дали има поддршка или нема. Особено во машкиот дел од популацијата кукавичлук е ако не го признаете поразот и ако не го слушнете гласот на тој што ве поразил. Нас ни испорачуваат негативни резултати на 4 изборни циклуси, кажа Есмеров.
