Федералниот суд во Бруклин го отфрли барањето на група вработени привремено да го оневозможи Градот да ги отпушти оние кои не биле вакцинирани. Претходните законски обиди за тоа, исто така, беа неуспешни, при што последните тврдеа дека правилата ги кршат „фундаменталните верски и уставни права“ на работниците.
По вчерашната одлука на судијката Дијана Гуџарати, Градот го спроведе правилото за задолжителна вакцинација според претходен план. Отпуштени се 36 невакцинирани вработени во службата за итна помош, јавува Локалната 2507 која ги застапува локалните пожарникари.
Вработените во јавниот сектор кои не сакаат да се вакцинираат вчера загубија и на друг правен фронт. Судијката на Врховниот суд Соња Сотомајор го одби барањето на 14 вработени во образовните канцеларии во градот кои беа отпуштени откако побараа ослободување од вакцинација од верски причини.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, застана на страната на правилото за задолжителна вакцинација воведено од неговиот претходник, партискиот колега Бил де Блазио. Не се работи за отказ, туку за вакцинација“, рече демократот.
„Сакаме луѓето да се вакцинираат. Не сакам градот повторно да се затвори. Сè што можеме да направиме е да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат и да се надеваме дека ќе одат на засилена доза“, додаде Адамс. Градот испрати предупредување до речиси 4.000 вработени кон крајот на минатиот месец. Адамс вчера изјави дека некои од нив се вакцинирани, но дека точниот број нема да се знае до крајот на викендот.
