2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ЕВЕ КАКВА Е КЛИНИЧКАТА СЛИКА КАЈ ЗАБОЛЕНИ ОД ОМИКРОН СОЈОТ!

Стручњаците откриле досега непознати податоци за омикрон сојот на корона вирусот.

Веста за појава на новиот сој на корона вирус наречен омикрон сите ги загрижил. Меѓутоа, спрема информациите кои досега се познати на таа варијанта нема претерана причина за загриженост.

Многу нешто не се знае за омикронот и потребни се повеќе недели за овој сој да се дознае, но спрема инфомациите кои се познати во Јужна Африка каде што и се појави, досега предизвикува од лесен до средно тежок облик на болеста.

Претставничка на СЗО изјавила за Ројтерс дека од повеќето заболени засега немаат тешка клиничка слика, иако тоа не значи дека може да се случи.

– Кога станува збор за сериозноста, ги видовме извештаите кои покажуваат дека омикронот предизвикува од леси до тешки облици на болеста…- рекла советничка на СЗО др. Марија Ван Керкова.

Докторка од Боцвана, една од првите земји во кои е потврден овој вирус, вели дека од 16 до 19 заразени немаат симптоми, а тројца преостанати имаат “благи симптоми“. Исто така тамошните лекари тврдат дека сите заразени со омикрон вирус веќе оздравеле, пренесува Новости.

Еве кои се симптомите:

Сите научивме кои симптоми ги предизвикува корона вирусот – зачестено кашлање, висока температура, губење на мирис и вкус или мирис…

Д-р Анѓелик Кеце, која прва пријавила “чудни“ симптоми кај заболените во Јужна Агрика, кај кои откриен е новиот сој, навела три на кои заеничко им е – замор, болки во мускулите и телото, главоболка.

Таа исто така истакнала дека за разлика од оние заболени со делта сојот, никој од заразените со омикрон не пријавил губење на вкусот и мирисот.

Сепак, потребно е извесно време за да се знае повеќе за симптомите кои укажуваат на омикрон.

Кога станува збор за тоа зошто новиот сој дава благи симптоми, стручњаците сметаат дека причина за тоа може да биде што се доста вакцинирани, па вакцината го ослабува вирусот, а втора причина е што заразени се воглавно помлади.

Исто така, една од можните теории е можеби мутацијата го ослабела вирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести