6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Центарот на Виена попладнево ќе биде целосно блокиран поради бројните протести

Центарот на Виена попладнево ќе биде целосно блокиран поради бројните протести на противниците на мерките за Ковид и задолжителната вакцинација.

Полицијата соопшти дека ќе има 1.200 полицајци за спроведување на законот на улиците, а пријавени се вкупно 27 протести.

Најголемиот собир се очекува на плоштадот Хелденплац, на кој повика Партијата на слободата на Австрија (ФПО), како и пред две недели кога се собраа десетици илјади луѓе. Беше објавен и митинг против „здравствениот фашизам“ пред австриската влада. Овој пат, поворката од демонстранти нема да оди само низ улиците на строгиот центар на Виена, туку е регистриран еден собир со прошетка од Гиртл до Операта.

Протест на повеќе групи против фашизмот е закажан на централниот плоштад во Виена, Стефансплан, поради влијанието на неонацистите во демонстрациите против мерките за корона. „Со сето разбирање за стравот од вирусот, немаме разбирање за слоганите кои го релативизираат холокаустот и се занимаваат со ревизија на историјата. Немаме разбирање за оние кои одат зад десничарски транспаренти“, велат организаторите.

Овојпат поради овој протест полицијата ќе мора да направи тампон зона меѓу учесниците на разни собири и на тој начин да ги спречи нивните конфликти. Бидејќи на социјалните мрежи постојано кружат закани за напади врз болниците поради вакцинација, полицијата го засилила надзорот на тие објекти, како и на другите критични инфраструктури.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести